Во рамки на работната посета на Париз, министерот за европски прашања на Македонија, Орхан Муртезани, оствари средба и со Емануел Пуизе-Жовен, генералниот секретар на Секретаријатот за европски работи (SGAE) – меѓуресорска служба под директна надлежност на премиерот на Франција, задолжена за координација и унапредување на единствената национална позиција на Франција во однос на Европската Унија, како и за мониторинг на транспозицијата на европското право во националното законодавство и синхронизација на политиките меѓу министерствата и европските институции. Republika
Во рамки на работната посета на Париз, министерот за европски прашања на Македонија, Орхан Муртезани, оствари средба и со Емануел Пуизе-Жовен, генералниот секретар на Секретаријатот за европски работи (SGAE) – меѓуресорска служба под директна надлежност на премиерот на Франција, задолжена за координација и унапредување на единствената национална позиција на Франција во однос на Европската Унија, како и за мониторинг на транспозицијата на европското право во националното законодавство и синхронизација на политиките меѓу министерствата и европските институции.
На средбата меѓу Муртезани и Жовен се разговараше за модалитетите за зајакнување на соработката меѓу МЕП и SGAE, преку изнаоѓање нови механизми и инструменти за поддршка на евроинтегративниот процес на Северна Македонија, како и за примената на најдобрите европски административни практики и искуства стекнати во рамки на францускиот модел на меѓуресорска координација, како своевиден пандан на координативната улога што Министерството за европски прашања ја има во земјата, во контекст на евроинтеграциите. Alfa
Муртезани и Жовен констатираа дека експертизата и методологијата што SGAE ја применува во доменот на усогласување и подготовка на национални позиции, може да претставува корисна референтна точка за македонските институции во периодот на скрининг и преговарање, особено во поглед на управувањето со сложени реформи и обезбедувањето на стабилност и конзистентност во националната политика кон Европската Унија.
Жовен ја презентираше улогата на Секретаријатот во процесот на формулирање и одбрана на француските интереси во рамките на Советот на Европската Унија, како и значењето на експертиза од линиските министерства за ефикасна имплементација на европските директиви. Kanal5