Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
4
101.43
23.67
0.00/1.22
4.00
2.87
0.72
444.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 4
3 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 79.5
Best clustering variants
3 0.99/0.01 2 79.5
Puls24

Бугарското Министерство за надворешни работи го зема предвид Извештајот усвоен со убедливо мнозинство од страна на Европскиот парламент, со кој, како што велат, се избегнува вклучување на институцијата во обиди за политичка инструментализација од страна на Северна Македонија, со цел заобиколување на обврските што произлегуваат од таканаречениот европски компромис од 2022 година.

Ова се наведува во ставот на бугарското Министерство за надворешни работи по одобрениот Извештај за напредокот на земјата кон полноправно членство во ЕУ. Тие велат дека во контекст на проширувањето на Европската Унија, прашањата поврзани со идентитетот и јазикот треба да се разгледуваат во рамките на научниот и академскиот дискурс, бидејќи по својата природа тие не спаѓаат во опсегот на институционалната проценка на напредокот на земјите-кандидатки во однос на објективните и мерливи критериуми за пристапување.„Со денешната одлука, Европскиот парламент ја потврди својата улога како непристрасно и независно тело посветено на следење на напредокот на реформите во Република Северна Македонија. Puls24