Основното јавно обвинителство од Битола денеска отвори предмет за случајот со застреланата мечка и фотографијата на која позира Сашо Дранго, заменик-директор на „Македонија пат“.
„Веста дека од страна на Битолското обвинителство е отворен предмет за фотографијата на заменик директорот на Македонија пат, Сашо Дранго, сликан со застрелана мечка, животно со највисок степен на заштита во Македонија е добар чекор кон разрешница, доколку сакаме да се наречеме правна држава“, потенцираат од Анима Мунди во соопштение испратено до медиумите.
Анима Мунди реагира денес со соопштение во кое стои дека заменик директорот на „Македонија пат“ и претседател на Унијата на ветерани во Демир Хисар, Сашо Дранго, гордо се фотографира со мечка што ја застрелал во декември 2024 година.
Заменик директорот на Македонија пат и претседател на Унијата на ветерани во Демир Хисар, Сашо Дранго, бил фотографиран со мечка што ја застрелал во декември 2024 година.