Анима Мунди реагира денес со соопштение во кое стои дека заменик директорот на „Македонија пат“ и претседател на Унијата на ветерани во Демир Хисар, Сашо Дранго, гордо се фотографира со мечка што ја застрелал во декември 2024 година. Fokus
Па како вработен во Македонија пат бев таму за што има записник и во полициската станица во Битола и таа мечка ја отстранивме од коловозната лента во месноста ротино-битолско.
Станува збор за таа мечка која е на фотографијата“, изјави Сашо Дранго, заменик директор на Македонија пат. Telma
„По објава во медиумите оформен е предмет и се постапува за да се утврди што точно се случило“, информираат од Основното јавно обвинителство во Битола.
По објавените фотографии од здружението „Анима мунди“, на кои се гледа заменик-директорот на „Македонијапат“ и претседател на Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Хисар, како позира со пушка со оптички нишан и со мртвото животно, јавноста побара оставка и одговорност. A1on