Причина за зголемената посетеност охриѓани гледаат, меѓу другото, и во завршувањето на неколкугодишните рестрикции за патувања наметнати со фамата Ковид-19. Покрај за останатите, после неколку години, Охрид повторно стана достапен за нашинците од прекуокеанските земји, најмногу оние од Австралија и Нов Зеланд кои можеби не се параметарот што ја детерминира туристичка посетеност, но нивниот број секако не е за занемарување, дотолку повеќе што тие важат за добри потрошувачи односно посакувани гости во угостителските објекти… Како причина повеќе за добрата посетеност субјектите што работат во областа на угостителството и туризмот ја посочуваат и севкупната геополитичка состојба во светот.