Новизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, денеска повторно предложи Канада да стане 51-та сојузна држава на САД, споделувајќи мапа на неговата мрежа Трут соушл (Truth Social) каде Канада е претставена како дел од САД.
Канадскиот премиер Џастин Трудо соопшти дека поднесува оставка на местото лидер на владејачката Либерална партија.
Европската унија нема да дозволи други нации да ги напаѓаат нејзините суверени граници, рече францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро како одговор на коментарите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за Гренланд во врска со „сопственоста и контролата“ на огромниот арктички остров што е дел од Данска повеќе од 600 години.
Се очекува канадскиот премиер Џастин Трудо да поднесе оставка како лидер на Либералната партија, потенцијално уште денеска, јави весникот „Глоуб енд Мејл“.