Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Струмица поднела кривична пријава против К.Х поради основано сомнение дека го сторил кривичното дело „даночно затајување“ по член 279 став 2 в.в со став 1 од Кривичниот законик.
Пријавениот К. Х. во својство на сопственик и управител на Друштво за производство на конфекција, текстил и трикотажа ХЕЛЕНА ДООЕЛ увоз-извоз Василево Струмица во периодот од 1 јануари 2019 година до 25 декември 2024 година, свесно и со однапред утврдена намера со цел да се стекне со противправна имотна корист акумулираната добивка во износ од 25.174.878 денари (која се намалува за износот на основната главнина која изнесува 6.821.668 денари, на која се додава износ од 2.588.356 денари Добивка за фискална година, при што останува добивка за оданочување во износ од 20.941.566 денари основица за Данок на добивка), евидентирана во пасивата на Билансот на состојба неосновано ја присвоил за себе, меѓу другото не извршил отпис на застарени Побарувања од купувачи во износ од 13.973.029 денари и произведените текстилни производи евидентирани на залиха во вредност од 9.959.394 денари, неосновано ги присвоил и не ги евидентирал во сметководствената евиденција како кусок. Kanal5
Финансиската полиција поднесе кривична пријава против К.Х., сопственик и управител на конфекциската компанија „Хелена ДООЕЛ“ од Василево, Струмица, поради сомнение за даночно затајување во вредност од над 6,1 милиони денари. Plusinfo
„Осомничениот не извршил отпис на застарени побарувања од купувачи во износ од 13.973.029 денари, а дополнително присвоил текстилни производи вредни 9.959.394 денари, без да ги евидентира во сметководствената евиденција како кусок.
Со тоа, избегнал плаќање на данок на добивка и ДДВ во значителни суми“, информираат од Финансиската полиција. Plusinfo