За пет дена, од 5 444 исконтролирани возачи во Скопје, констатирани се 2 592 прекршоци, што значи дека речиси секој втор кој што бил запрен, сторил некаков прекршок, информира министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Нов пристап за сообраќајни прекршоци преку СМС известувања и камери на црни точки, денеска најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на трибината со наслов „Суштината на проблемот – лоши закони или лоша примена?“. Тој истакна дека се работи на имплементација на нови и ефикасни решенија за подобрување на сообраќајната култура и безбедност, како што е системот „безбеден град“.
Системот „Сејф сити“ треба да профункционира од 1 јануари 2026 година, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за „360 степени“ на МРТ 1. Тошковски рече дека за овој систем за автоматизирано регистрирање сообраќајни прекршоци да почне да работи, освен поставување техничка инфраструктура, треба да се усогласат низа закони.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информира дека дојавите за бомби кои беа упатени до училишта во државата во петокот, се испратени од привремени мејлови кои се бришат за само еден час по испраќањето на заканувачките пораки.