Обвинителството соопшти дека за возачот од Гостивар кој во недела по полноќ удри девојка на печачки премин се определени мерки на претпазливост „привремено одземање возачка дозвола и забрана за нејзино издавање, забрана за напуштање на живеалиштето или престојувалиштето, обврска на осомничениот да се јавува на одредено службено лице во судот, како и привремено одземање на патна исправа“.
Мерки на претпазливост кои вклучуваат привремено одземање возачка дозвола и забрана за нејзино издавање, забрана за напуштање на живеалиштето или престојувалиштето, обврска на осомничениот да се јавува на одредено службено лице во судот, како и привремено одземање на патна исправа за преминување на државна граница предлага јавен обвинител за 47-годишникот, кој вчера по полноќ со возило удрил во пешак во Скопје.