Denesen
По наредба на јавен обвинител, веднаш по настанот, се додава, земени биле примероци од крв на сите тројца учесници во сообраќајната несреќа, при што кај осомничениот и другата учесничка не е утврдено присуство на алкохол или други опојни средства, додека присуство на алхохол во крв од 0,56 промили е евидентирано само кај сега починатиот мотоциклист.
Со цел обезбедување на осомничениот во текот на постапката, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање, како и привремено одземање на возачка дозвола, односно забрана за нејзино издавање, стои во соопштението. Denesen