Ве известуваме дека денес (14 март 2025 год.) градоначалникот Дарко Костовски заедно со учениците го отвори спортско-рекреативниот центар “Радишани”, во дворот на ООУ “Ацо Шопов”.
Спортско-рекреативниот центар се протега на површина од 4000 м2 и содржи ново модерно фудбалско игралиште со вештачка трева, кошаркарско игралиште со специјална ФИБА подлога, ново детското игралиште, тениско игралиште со акрилна подлога, фитнес зона за вежбање и рекреирање, нова челична ограда и ново лед осветлување.