Општинската организација на Црвен крст прави списоци за утврдување на идентитетот на загинатите лица.
Во првичната информација од МВР за МИА, се посочува дека најмалку 50 лица се загинати во дискотеката во Кочани во која ноќеска избувнал пожар за време на концерт на позната група. Biznisvesti
Според неофицијалните информации, пожарот избувнал околу 3 часот, поради употреба на пиротехнички средства на концертот на кој присуствувале околу 1.500 луѓе.
Повредените се префрлени во болниците во Кочани и Штип. Skopjeinfo
Огромна трагедија утрово во Македонија.
Во пожар во дискотека во Кочани, има многу загинати и повредени. Mk
Како што дознава Радио Кочани од лице место 100тици повредени, меѓу нив и жртви од големиот пожар има утрово околу 3 часот по полноќ, објави Возилата на ТППЕ, возилата на итна помош и полицијата не се доволни да ги спасат повредените деца кои буквално лежат на улица, додека дискотеката се уште е во пламен.
Цивилни возила доаѓаат од сите страни за да помогнат и се упатуваат во правец на општа болница во Кочани. Mk