Претседателот на Уставен суд, Дарко Костадиновски, на денешниот брифинг со новинарите информираше дека на 20 март во Уставниот суд ќе се одржи подготвителната седница за Законот за јазиците, на која ќе учествуваат повеќе експерти, вклучувајќи претставници од Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), Венецијанската комисија и професори од правните факултети во државава. Fokus
На 20 март во Уставниот суд на Република Северна Македонија ќе се одржи подготвителната седница за Законот за јазиците, на која ќе учествуваат повеќе експерти, вклучувајќи претставници од Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), Венецијанската комисија и професори од правните факултети во државава.
Како што информираше претседателот на Уставен суд, Дарко Костадиновски, на денешниот брифинг со новинари, на подготвителната седница се поканети Мартин Кујер, потпретседател на Венецијанската комисија и холандски врховен судија, кој ќе го образложи пријателскиот совет што нашиот суд го побара од Венецијанската комисија и Артурс Кучс, судија на Европскиот суд за човекови права со експертиза за малцинските права и употребата на малцинските јазици, кој ќе ја образложи праксата на ЕСЧП во слични случаи и ќе ги презентира европските стандарди за употребата на јазиците. Plusinfo
Артурс Кучс, судија на Европскиот суд за човекови права и експерт за малцинските права и јазици, пак ќе ја образложи праксата на ЕСЧП во слични случаи.
Ќе се дискутира за шест спорни правни прашања кои јавноста ќе ги дознае на самата седница. Kanal5
Поддржувачите на одлуката ја истакнаа важноста на подготвителната седница за да се покажат дека владее правото и дека уставноста не се брани на улиците, туку во судот.
Тие повикаа на трпение и доверба во институциите и нагласија дека одлуката ќе помогне во отфрлањето на наводите за политизација. Kanal5
Јавноста во четврток, на 20-ти март, преку пренос во живо ќе има можност да ги слушне аргументите и ставовите на 2 странски и 13 домашни експерти кои ќе учествуваат на подготвителната седница на Уставниот суд за Законот за јазици. Kanal5