Директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов вечерва изрази сомнеж дека затвореници или банди во затворите кои се под негово управување, со скапо платен мобилен телефон што го добиле зад решетки, го нарачале палењето на неговата викендичка во Орешани.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ остро го осуди палењето на викенд-куќата на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, оценувајќи го како обид за заплашување и замолчување.
Најостро го осудуваме палењето на куќата на директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов и повикуваме на итна и брза реакција од страна на институциите, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.