Маж на возраст од 34 години од селото Лопате трагично го загубил животот ноќеска, во неделата, во сообраќајна несреќа на автопатот Табановце–Куманово.
Како што информираше СВР Куманово, несреќата се случила околу 02:10 часот, кога моторциклистот В.С., управувајќи мотоцикл од марката „хонда“ со кумановски регистарски таблички, излетал од коловозот.