И денеска, точно во 18:05 часот, повторно ќе се одржи „Маршот за ангелите“, тивок протест и повик за правда од семејствата на трагично загинатите млади во пожарот во дискотеката „Пулс“.Повеќе од три месеци по трагедијата која го потресе целиот град и државата, родителите, блиските и поддржувачите на настраданите деца не ја губат силата и решеноста да продолжат со протестите, барајќи одговорност од институциите кои, како што велат, затаиле во најкритичниот момент и дозволиле да се случи она што можело да се спречи.