Денеска остварив средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, на која ја потврдивме нашата заедничка посветеност за зајакнување на стратешкото партнерство меѓу двете земји, напиша премиерот Христијан Мицкоски, на неговиот Фејсбук профил.
Потпишувањето на политичката декларација за основање на совет за соработка на високо ниво помеѓу Турција и Македонија е многу значаен чекор со кој ние можеме да ги подигнеме на уште повисоко ниво односите меѓу нашите две земји во трговијата и економијата…Се надевам дека ќе присуствувам на првата седница на советот што ќе се одржи во Скоје, истакна претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски по потпишувањето на декларацијата.
Северна Македонија и Турција ќе ја продлабочуваат и интензивираат соработката во сите области на билатерално, Северна Македонија и Турција ќе ја продлабочуваат и интензивираат соработката во сите области на билатерално, регионално и глобално ниво, најавија премиерот Христијан Мицксоки и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган откако денеска во Истанбул потпишаа политичка декларација за основање совет за соработка на високо ниво меѓу владите на двете држави.
Главниот настан за двете нации ќе биде потпишување на декларација за продлабочување на билатералните односи во повеќе сфери, со особен акцент на економската соработка, инвестициите и трговската размена...