На 28 јуни 2025 година околу 12:15 часот во село Кокошиње, кумановско, избувнал пожар кој најпрвин го зафатил сувото растително материјал, а потоа се проширил и опожарил куќа и помошни простории, сопственост на Д.Т. (36). Во пожарот биле уништени и сандаци со пчели, кои им припаѓале на А.М. (28), како и ниви со насади, сопственост на Л.С. (59). Противпожарната единица од Куманово интервенирала и успешно го изгаснала пожарот.