1 (17) ■ вести > свет ■ 31-Jan 07:30 -> 01-Feb 00:50
.
.
.
.

Канада ќе одговори веднаш и соодветно ако САД воведат царини, изјави Трудо

  • Трамп: Царините за Мексико и Канада можеби нема да ја вклучуваат нафтата

Канада ќе одговори веднаш и соодветно доколку САД навистина воведат царини на увозот од оваа земја, изјави денеска канадскиот премиер Џастин Трудо, нагласувајќи дека во таков случај канадските граѓани ќе се соочат со „тешки времиња“.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека наскоро ќе одлучи дали да го исклучи увозот на нафта од Канада и Мексико од царините од 25 отсто што се закани дека ќе ги воведе утре на производите од тие земји.

7 (14) ■ вести > свет ■ 30-Jan 19:53 -> 31-Jan 20:06
.
.
.
.

Данска ѝ одговори на Америка: Гренланд не се продава, сериозно го мислиме тоа

  • Хипер: За иднината на Гренланд одлучуваат неговите жители

Данска денеска соопшти дека Гренланд не е на продажба и дека тоа „го мисли сериозно“, откако американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека интересот на претседателот Доналд Трамп за купување на островот „не е шега“.

ЕУ е секогаш посветена на меѓународното право и на принципот дека границите мора да се почитуваат без разлика на големината или моќта на една нација, истакна денеска портпаролката на Европската комисија за надворешна работи и безбедносна политика Анита Хипер во одговор на прашање за коментар на изјава на државниот секретар на САД, Марко Рубио дека американскиот претседател Доналд Трамп „не се шегува“ кога говори за данскиот остров Гренланд.

8 (6) ■ вести > македонија > политика ■ 30-Jan 15:14 -> 31-Jan 21:39
.
.
.
.

Владата направи серија чекори за подобрување на условите во Онкологија

  • Јаревски: Разоткриен е криминалот којшто го правела опозицијата на чело со лидерот Венко Филипче

Во вечерашното издание на поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, гостуваше пратеникот Тони Јаревски, кој дискутираше за надзорната улога на Собранието, политичката контрола и надзорот над Владата и над другите носители на јавни функции, што се одговорни пред Собранието како една од уставно утврдените надлежности на Собранието на Република Македонија, исто така стави акцент и на оние поважни механизми кои постојат за да се спроведува таа активност, како што се пратеничките прашања, интерпелацијата, анкетни комисии и надзорните расправи.

Во вечерашното издание на поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, гостуваше пратеникот Тони Јаревски, кој дискутираше за надзорната улога на Собранието, политичката контрола и надзорот над Владата и над другите носители на јавни функции, што се одговорни пред Собранието како една од уставно утврдените надлежности на Собранието на Република Македонија, исто така стави акцент и на оние поважни механизми кои постојат за да се спроведува таа активност, како што се пратеничките прашања, интерпелацијата, анкетни комисии и надзорните расправи.

9 (16) ■ вести > македонија ■ 31-Jan 09:33 -> 31-Jan 18:38
.
.
.
.

ЛЕКАРСКИ КОЛЕГИУМ НА ДЕТСКА БОЛНИЦА КОЗЛЕ: Бараме итно разрешување на в.д. директорката Каролина Симоновска

  • Лекарскиот колегиум на Клиниката за респираторни заболувања кај децата Козле бара разрешување на директорката

Протестно писмо од Лекарскиот колегиум на Универзитетската Клиника за респираторни заболувања кај децата Козле, за безрезервна поддршка на Д-р Веселинка Митровска Јосифова и итно разрешување на в.д. директорката Каролина Симоновска Лекарскиот колегиум на Клиниката за респираторни заболувања кај децата Козле бара итно и неодложно разрешување на в.д. директорката Каролина Симоновска, по донесената последна скандалозна одлука за колешката д-р Веселинка Митровска Јосифовска, реномиран ОРЛ специјалист и бронхоскопист со долгогодишно искуство, која доби отказно решение, и бара итно враќање на докторката на работа од страна на институциите на системот.

Протестно писмо од Лекарскиот колегиум на Универзитетската Клиника за респираторни заболувања кај децата Козле, за безрезервна поддршка на Д-р Веселинка Митровска Јосифова и Итно разрешување на в.д. директорката Каролина Симоновска Лекарскиот колегиум на Клиниката за респираторни заболувања кај децата Козле бара итно и неодложно разрешување на в.д. директорката Каролина Симоновска, по донесената последна скандалозна одлука за колешката д-р Веселинка Митровска Јосифовска, реномиран ОРЛ специјалист и бронхоскопист со долгогодишно искуство, која доби отказно решение, и бара итно враќање на докторката на работа од страна на институциите на системот.

15 (4) ■ вести > македонија ■ 31-Jan 21:50 -> 31-Jan 22:30
.
.
.
.

Директорката на Детската клиника Козле со објаснување зошто докторката Јосифова добила отказ

  • Симоновска: Докторката доби отказ затоа што во моментот кога тимот на бронхоскопија се обидува да го спаси животот на малото дете, директно им попречуваше на докторите

Директорката на Детската клиника Козле, Каролина Симоновска со писмено објаснување до медиумите појасни како и зошто докторката Веселинка Јосифова добила отказ, што предизвика револт кај вработените со барање за оставка на Симоновска.

ВД директорката Др. Каролина Симоновска вечерва се обрати до јавноста со отворено писмо по наводите на лекарскиот колегиум на Клиниката „Козле“ кои бараа итна оставка од неа, откако, ја разрешила нивната колешка, докторката со долгогодишно искуство Веселинка Митровска Јосифовска, специјалист по бронхоскопија.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

135 (5) ■ бизнис > економија ■ 30-Jan 17:48 -> 30-Jan 20:12
.
.
.
.

РАБОТНИЦИТЕ ЧЕКААТ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА МИНИМАЛЕЦОТ: Мицкоски кажа дека него ќе го договорат работниците и работодавачите

  • Мицкоски: Минималната плата ќе биде онаа што ќе ја договорат работниците и работодавачите

На денешната собраниска седница за пратенички прашања, Мицкоски одговарајќи на прашање на пратеничката Јована Тренчевска за тоа дали се планира раст на минималната плата и дали истата ќе изнесувала над 500 евра, изјави дека иако на Владата најмногу би му одговарало тоа, минималната плата треба да ја одредат работодавачите и работниците.

На денешната собраниска седница за пратенички прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одговарајќи на прашање на пратеничката Јована Тренчевска за тоа дали се планира раст на минималната плата и дали истата ќе изнесувала над 500 евра истакна дека иако на Владата најмногу би му одговарало тоа, минималната плата треба да ја одредат работодавачите и работниците.

132 (6) ■ сцена > култура ■ 30-Jan 07:55 -> 30-Jan 15:15
.
.
.
.

КОМЕМОРАЦИЈА ЗА КОЛЕ МАНЕВ ВО ДЛУМ: Македонската култура останува посиромашна за еден голем човек и извонреден уметник

  • Комеморативна седница за уметникот, режисер и писател Коле Манев

Друштвото на ликовни уметници на Македонија денеска организира комеморативна седница за уметникот Коле Манев (1941-2025), член и поранешен претседател на ДЛУМ.

Без разлика дали работеше во сликарството, културата или литературата неговите дела ја доловуваат душата на неговото време и ја пресликуваат секоја болка, секоја радост и секоја надеж, а неговото творештво говори за универзалноста на неговите величини и изрази, беше посочено на денешната комеморативна седница во Националната галерија Даут пашин амам за уметникот, режисер и писател Коле Манев, кој почина на 22 јануари годинава.