Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека почна наизменично пропуштање на возила на патниот правец Стенковец-ГП Блаце, во едниот, па во другиот правец.
Поради ширењето на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Стенковец-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце, информираат од МВР.
Министерството за внатрешни работи информира дека поради настанатиот пожар над магистралниот пат А4 Скопје – Блаце кај тунелот кој се проши над магистралниот пат, сообраќајот е пренасочен за патничките возила, а во прекин е за товарните моторни возила.
НОРАМЛИЗИРАН Е СООБРАЌАЈОТ КОН ГРАНИЧКИОТ ПРЕМИН БЛАЦЕ Укината е и забраната за камиони и автобуси Фото: Принтскрин Патниот сообраќај до граничниот премин Блаце ноќеска е нормализиран и е укината забраната за товарните моторни возила и за автобусите, соопшти МВР.