Центарот за управување со кризи утрово информира дека во моментов се активни девет пожари, меѓу нив и пожарот на депонијата во Визбегово, како и во Чучер Сандево.
Центарот за управување со кризи извести дека до седум часот во Македонија се регистрирани вкупно 63 пожари, од кои девет се активни, под контрола се четири, еден е локализиран и изгаснати се 49 пошари.
Активни се девет пожари на отворен простор заклучно со седум часот утринава, од вкупно 63 во текот на вчерашниот ден, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Под контрола се четири пожари, еден е локализиран, а 49 се изгаснати.