Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва во гостувањето на ТВ Сител изрази жалење и осуда за инцидентот во којшто беше вклучена градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, појасни какви дејствија презело Министерството и ја повика Арсовска да не бега од МВР и од институциите. Press24
На социјалните мрежи се огласи и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Skopje1
Тој се осврна и на претходните два случаја по кои е постапувано од страна на МВР по закани врз Арсовска.
Арсовска досега, во рамки на надлежностите на МВР има пријавено закана од полициски службеник којшто и се заканил на Фејсбук страницата. Libertas
Инцидентот доаѓа по неколку јавни истапи на Арсовска, во кои таа тврди дека добива закани по живот и дека поднесува пријави против градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.
Во изјава за медиумите, Арсовска потврди дека прима закани за силување и убиство на нејзиното семејство. 4news