Градоначалникот на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, е осомничен од полицијата дека извршил злоупотреба на службената положба, бидејќи овозможил легализација на објектите за спорт и рекреација-тениски игралишта во близина на хотелот Александар Палас.
Со пријавата под кривичен прогон се и петмина вработени во Општина Карпош како и правно лице. Press24
„Убедени сме дека истата кривична пријава ќе биде отфрлена како недопустлива од причини што надлежните општински органи правилно ги утврдиле фактите и извршиле легализација согласно законските прописи кои ги донела Владата на Никола Груевски“, се наведува во реакцијата од Општината.
Полицијата денеска соопшти дека градоначалникот и пет вработени во Секторот за урбанизам во општината овозможила на едно правно лице да легализира бесправно изградени тениски терени, иако тоа е спротивно на важечките закони. Plusinfo