По обвинувањата изнесени во јавноста во врска со тендерската постапка за набавка на униформи за специјалните единици, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, преку статус на социјалната мрежа Фејсбук упати јавна реакција, во која истакна дека постапката била спроведена транспарентно, согласно сите законски одредби, со јасна цел – обезбедување на квалитетна опрема по најповолни услови и заштита на буџетските средства, напиша на Фејсбук министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Во изминатите месеци, освен што бевме целосно посветени на немилосрдна борба со криминалот и корупцијата, борба која ја водиме без пардон, напорно работиме и да ги исчистиме нередот, негрижата и неправдите што беа оставени внатре во самото Министерство, токму од тие што денес најгласно нè напаѓаат“, вели министерот за внатрешни работи во објавата на Фејсбук, Панче Тошковски.