Основниот кривичен суд Скопје денеска информира дека притвореникот Б. В., кој е еден од обвинетите во предметот со К. бр. 1339/24, поврзан со двојното убиство на малолетната Вања од Скопје и на велешанецот Панче Жежовски, бил префрлен од затворот на Клиниката за нефрологија поради влошена здравствена состојба. Republika
Еден од обвинетите е хоспитализиран.
Основниот кривичен суд Скопје информира дека рочиштата за судењето за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски кои беа закажани за следната недела се отповикуваат, поради тоа што еден од обвинетите е хоспитализиран. Kanal5
Имајќи го предвид известувањето, а заради економичност и ефикасност на постапката, расправите насрочени за 7 и 9 октомври 2024 година ќе бидат отповикани, а судењето ќе продолжи на следниот, веќе насрочен термин, на 14.10.2024 година во 10:00 часот, за што странките во постапката се веќе известени, информираат од Основен кривичен суд Скопје.
Велешанецот Боре Видевски, кој е еден од обвинетите, на почетокот на неделава беше префрлен на државната клиника. Kanal5