Ова следува по воведните зборови од обвинителството и обвинетите.
Првите сведоци на списокот на Обвинителството се мајката на убиеното девојче и роднини на убиениот Жежовски, односно Зорица Ѓорчевска, Ана Киркова и Тодор Кирков. Netpress
Нема докази, верувам дека ќе ја докажеме невиноста на мојот клиент Љупчо Палевски, изјави денеска адвокатот Марјан Витановски, веднаш по завршувањето на судското рочиште на коешто сведочеа мајката на убиената Вања Ѓорчевска, Зорица Ѓорчевска, како и ќерката и зетот на убиентот Панче Жежовски – Ана Киркова и Тодор Кирков. Nezavisen
Беше хаотичен период каде што јас разговарав и со полицијата, рече.
Како што дополни, во прегледувањето на камерите им помагал и пријател на Александар. Netpress
Преку овие докази во никој случај не може да се доведе во поврзаност со конкретните кривични дела.
Од исказите на овие оштетени во својство на сведоци, нема ниту еден дел од нивниот исказ кој и упатувал на тоа дека Палевски е сторител на кривично дело. A1on
Поради хоспитализацијата на Видевски, Основниот кривичен суд Скопје ги отповика рочиштата за судењето за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски кои беа закажани за минатата недела, информирајќи дека судењето продолжува на следниот закажан термин на 14 октомври.
Судењето за убиството на Панче и Вања почна на 20 септември. Kajgana
Адвокатот на Александар Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ изјави пред медиумите дека денеска е битен исказот на мајката на починатата, Вања Ѓорчевска – Зорица затоа што, како што вели, се расчистија сите шпекулации и мистерии од откривањето на настанот.
Смета дека исказот дава логичен тек на работите и се потврдува тезата на одбраната на Александар дека лицето нема никаква инволвираност. Republika
Адвокатот Марјан Витановски, бранител на првообвинетиот Љупчо Палевски за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, смета дека денешниот исказ на мајката на Вања, не може да се доведе во поврзаност со конкретните кривични дела кои му се ставаат на товар на Палчо. A1on
Сите биле вознемирени, со цел да се пронајде детето, рече адвокатот.
Според него, овој исказ на мајката на Вања е различен од оној што го дала во Јавното обвинителство, односно отстапува од тоа што денеска е слушнато. Republika
Зорица Ѓорчевска, мајката на Вања Ѓорчевска, и роднини на велешанец Панче Жежовски денеска ќе сведочат на рочиштето за двете убиства. Kajgana
Нема исказ кој би упатувал на тоа дека Палевски е сторител на ова кривично дело“, рече Витановски.
Тој се осврсна и на исказот дека таткото на Зорица имал купено стан од фирмата на Палевски, но на Ѓорчевска не и е познато дека меѓу нив имало некакви недоразбирања. Skopjeinfo
Ќерката на убиениот Панче Жежовски, Ана Киркова, денеска сведочеше на судењето за убиството на Вања и Панче. Mk
Не се воопшто спорни телефонските преписки и јас воопшто тој дел не би го коментирал јавниот обвинител и не сум баш убеден и сигурен дека се однесуваше на мојот клиент затоа што преписката за која вие ја посочувате таа е воопшто неспорна и денеска сведокот ја објасни комуникацијата помеѓу таткото и децата и како што и самите слушнавте како кажа – сакаше тој малку да се прави како паметен и да соли памет и секогаш да дава некакви идеи итн.
Во целост денешниот исказ на овој сведок оди во правец на теоријата на случаи на одбраната и спротивно на она што се тврдењата на Јавното обвинителство, рече Туфегџиќ. A1on
Денеска продолжува судењето за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.
Во судот се појави и мајката на убиената Вања, Зорица која денеска ќе сведочи. Libertas
Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, уште дента на исчезнувањето тврдеше дека таа е киднапирана, рече мајката на убиеното 14-годишно девојче, Зорица Ѓорчевска во своето денешно сведочење. 360stepeni
Адвокатот на Љупчо Палевски вели дека засега нема искази кои би упатувале на тоа дека неговиот клиент e поврзан со кривичните дела за кои се товари.
На денешното судење за убиството на Панче и Вања, сведочеше првпат мајката Зорица Ѓорчевска. Fokus