Кошаркарите на Чаир 2030 го направија најголемото изненадување во досегашниот дел од сезоната, откако вечерва на домашен терен, по голема борба и едно продолжение, го совладаа фаворизираниот тим на МЗТ Скопје (95-94). Триумфот на чаирчани е апсолутно заслужен, со оглед што беа подобар противник во најголемиот дел од средбата.
Чаир 2030 и играа 45 минути за да се добие победникот во првиот натпревар од петтото коло на шампионатот на . Дуелот во салата „Шабан Трстена“ во Чаир изненадувачки им припадна на домаќините со 95-94 (23-24, 21-16, 17-18, 21-24, 13-12). Ова е втор пораз на МЗТ Скопје во пет натпревари, по овој пред три недели во Битола.