Во македонската современа книжевност, па и култура, реткост е да сретнете преплетување на длабока мисла која извира од генијалноста на спознанието, мудро стилско, естетски и етичко моделирање на таа мисла без трошка јазична претенцизоност, едноставност од која се чувствува татнеж и вриеж на искусените и согледаните животни ситуации, ненаметлива маестралност на структурата на дејствието, длабока интроспекција, ликови и ситуации во кои сме сите ние соочени со нашите бездни, но не низ оној тежок и торжествен начин типичен за нашето миље, туку низ еден ликовен, сликарски минималистички гест.