Вчера во 21.10 и 21.30 часот во близина на с.Костурник, кумановско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода И.Н.(32) од с.Крушопек, скопско и Г.П.(50) од Велес поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.
Претходно, околу 19.15 часот во близина на с.Табановце, кумановско, на автопатот „Пријателство“, полициски службеници ги забележале лицата како во патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал И.Н., а Г.П. бил сопатник, сместуваат три женски лица мигранти од Непал.