Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и пратеникот во Собранието на Република Северна Македонија Миле Цеков, по тригодишен застој, денеска го пуштија повторно во функција Хидросистемот „Спас за Дојранското Езеро“ со кој од бунарите во Ѓавато, богданско, се врши дотур на вода во Дојранското Езеро. Libertas
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и пратеникот во Собранието на Република Македонија Миле Цеков денес, го пуштија во функција хидросистемот „Спас за Дојранското Езеро“ со кој од бунарите на Ѓавато се врши дотур на вода во Дојранското Езеро.
Имено, на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање, неодамна Владата ја усвои информацијата за ставање во функција на овој хидросистем и после речиси три години застој во работата, водите на Дојранското Езеро повторно ќе се надополнуваат од бунарите од Ѓавато. Denesen
Во информацијата доставена од Владата до Општината се наведува дека на 5 овој месец била разгледана и усвоена информацијата за ставање во функција на Хидросистемот „Спас за Дојранското Езеро“ за дотур на вода во Езерото.
Владата го задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање да предвиди и алоцира финансиски средства во буџетот за 2025 година за реконструкција на Хидросистемот „Спас за Дојранското Езеро“ и негово ставање во функција за да обезбеди дотур на вода во Дојранското Езеро со цел за спречување на голема еколошка катастрофа со оглед на фактот дека моменталната ситуација со нивото на водостојот на Дојранското Езеро е 76 сантиметри под дозволениот минимум, стои во информацијата од Владата. Republika
Хидросистемот „Ѓавато“, со кој Дојранското Езеро се снабдува со вода, денеска ќе биде пуштен во употреба. Libertas
Хидросистемот „Ѓавато“, со кој Дојранското Езеро се снабдува со вода, денеска ќе биде пуштен во употреба.
Како што е најавено, на пуштањето на системот ќе присуствуваат првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и пратеникот во Собранието Миле Цеков. Sitel