Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Гази Баба, Сарај и Ѓорче Петров, соопшти РЦУК - Скопје.
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре (четврток) без електрична енергија ќе останат: - од 08:30 до 12:00 часот корисниците од ул. Боривое Милошевски ул. Вера Радосавлевиќ ул.Зенден Џемаил и објектите кај Кванташки пазар (општина Гази Баба) - од 09:30 до 13:30 часот корисниците дел од село Кондово (сред село), дел од село Волково, село Кучково, село Грачани, Караула Чашка, Село Радуша, село Дворце, с.Орашје, Село Рашче, село Бојане, село Копаница, село Свиларе (општина Сарај) - од 10:30 до 14:00 часот с. Бардовци улица 1687 поточно од бр.54 до бр.40 м.в Шамак (општина Ѓорче Петров).