1 (15) ■ вести > македонија > хроника > крими хроника ■ 02-Jan 20:26 -> 02-Jan 23:30
.
.
.
.

Татко со ловечка пушка си го убил синот во Тетово

  • СЕМЕЈНА ТРАГЕДИЈА ВО ТЕТОВО Татко усмрти син со ловечка пушка

Вечерва, семејна трагедија го потресе Тетово и жителите на градот.

Во Тетово вечерва околу 18.50 часот во неговиот дом бил пронајден С.Н.(39) без знаци на живот, со прострелна рана во главата.

2 (61) ■ вести > свет > регион ■ 01-Jan 20:06 -> 03-Jan 00:04
.
.
.
.

МНР изрази сочувство за жртвите во масакрот во Црна Гора: Нашите мисли се со вас

  • Утре вонредна седница на Советот за национална безбедност на Црна Гора

  • Црногорската полиција објави фотографија од Ацо Мартиновиќ, осомничен за повеќекратно убиство во Цетиње

  • Македонското МНР: Нашите мисли се со народот на Црна Гора

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија упати сочувство по масакрот што се случи вчеравечер во Цетиње, Црна Гора, во кој се убиени 12 лица.

Премиерот на Црна Гора Милојко Спајиќ свика вонредна седница на Советот за национална безбедност за утре, 3 јануари, поради трагичниот настан што се случи на Цетиње.

Црногорската полиција објави фотографија од Ацо Мартиновиќ, осомничен за повеќекратно убиство во Цетиње, објави . Во полициското соопштение пишува дека во пукање во угостителски објект Мартиновиќ убил најмалку четири лица, меѓу кои и членови на неговото семејство, по што вооружен го напуштил објектот и побегнал.

Министерството за надворешни работи упати сочувство по масакрот во Цетиње, Црна Гора.

5 (20) ■ вести > македонија ■ 02-Jan 10:51 -> 02-Jan 23:46
.
.
.
.

Анима Мунди: Заменик директорот на „Македонија пат“ убил мечка заштитена со закон

  • Заменик директорот на „Македонија пат“ Сашо Дранго убива мечка и позира со неа, Анима Мунди бара негово разрешување

  • „Анима Мунди“: Заменик-директорот на „Македонија пат“ убил мечка од забава

Анима Мунди реагира денес со соопштение во кое стои дека заменик директорот на „Македонија пат“ и претседател на Унијата на ветерани во Демир Хисар, Сашо Дранго, гордо се фотографира со мечка што ја застрелал во декември 2024 година.

Заменик директорот на Македонија пат и претседател на Унијата на ветерани во Демир Хисар, Сашо Дранго, бил фотографиран со мечка што ја застрелал во декември 2024 година.

„Анима Мунди“ денес претпладне излезе со реакција дека Сашо Дранго, заменик-директорот на јавното претпријатие за одржување на магистралните и регионалните патишта, познато како „Македонија пат“, застрелал мечка од забава.

11 (37) ■ вести > свет ■ 01-Jan 13:03 -> 02-Jan 22:23
.
.
.
.

Бајден: Нема докази за поврзаност за нападот во Њу Орлеанс и експлозијата во Лас Вегас

  • Вооружениот напаѓач кој уби 15 луѓе во Њу Орлеанс служел во американската армија

  • ФБИ пронајде експлозивна направа на местото на инцидентот во Њу Орлеанс

  • Бројот на убиени во нападот во Њу Орлеанс се зголеми на 15

АП - (ВАШИНГТОН) Претседателот Џо Бајден изјави во четвртокот дека во моментов нема докази за поврзаност помеѓу нападот во Њу Орлеанс кој се случи за Нова година и експлозијата на сајбер камион во Лас Вегас.

Шамсуд-Дин Џабар, 42-годишникот од Тексас, кој со својот камионет се заби во толпата на новогодишната ноќ во Њу Орлеанс, убивајќи 15 и ранувајќи десетици други, отслужил 13 години во американската војска, вклучително и во Авганистан.

Полицијата попладнево соопшти дека инцидентот кој се случи утринава за време на новогодишната прослава во Њу Орлеанс, кога возач на пикап удри во толпа луѓе и усмрти десет, а повреди 35 лица, бил „намерен“ и дека напаѓачот пукал во луѓето.

Бројот на загинати по вчерашниот напад во Њу Орлеанс се зголеми на 15, а најмалку 35 лица се повредени, јави денеска Си-Ен-Ен. Американскиот државјанин Шамсуд Дин Бахар Џабар (42) е осомничен дека со својот пик-ап влетал во толпа луѓе на улица и убивал минувачи.

12 (10) ■ вести > македонија ■ 02-Jan 15:52 -> 02-Jan 22:22
.
.
.
.

Загаден е воздухот во Струмица, власта предлага вонредни мерки

  • Во Струмица стапуваат во сила мерки и препораки поради зголемено загадување

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 mg /m3 во текот на два последователни денови) е надминат на мерното место Струмица.

Во Струмица поради надминување на прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри, и тоа надминување на вредноста од 150 микрограми на кубен метар во текот на два последователни дена, стапуваат во сила препораките и мерките во случај на надминат праг на алармирање.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија