Имено, пријавениот, во повеќе наврати воспоставувал и настојувал да воспостави контакти со оштетениот со движење во службените простории на ОВР Неготино и во централното градско подрачје на општина Неготино, скоро секој ден го следел неговото движење, доаѓал во ОВР Неготино, постојано го барал, а кога не го добивал го чекал пред вратата на неговата канцеларија, како и пред ОВР Неготино, постојано му ѕвонел на мобилниот телефон, снимал и објавувал видео клипови на социјални мрежи со навредливи и содржини со кои имал намера да му наштети на угледот. Press24