Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција во координација со Единицата за недозволена трговија и ЕУМНА при СВР Скопје презедоа опсежни истражни дејствија во врска со настан од 02.10.2024, кога на ул. „Ѓурчин Кокале“ во Скопје беше пронајдено патничко моторно возило „мини“ и при извршен претрес на 02.10.2024 околу 01 часот, по претходно обезбедена судска наредба, во возилото се пронајдени 6,2 килограми марихуана, 442 таблети екстази (мдма), пиштол, осум куршуми, пригушувач од пиштол, 14,2 мл хашиш смола, машина за вакумирање, две дигитални ваги...
Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција во координација со Единицата за недозволена трговија и ЕУМНА при СВР Скопје презедоа опсежни истражни дејствија во врска со настан од 02.10.2024, кога на ул. „Ѓурчин Кокале“ во Скопје беше пронајдено патничко моторно возило „мини“ и при извршен претрес на 02.10.2024 околу 01 часот, по претходно обезбедена судска наредба, во возилото се пронајдени 6,2 килограми марихуана, 442 таблети екстази (мдма), пиштол, осум куршуми, пригушувач од пиштол, 14,2 мл хашиш смола, машина за вакумирање две дигитални ваги… Со цел расчистување на случајот, повикани се повеќе лица на службен разговор и извршени се претреси на домови на повеќе локации на подрачје на Скопје кај лица за кои постоеше сомнение за нивна можна инволвираност во овој случај.