Пожарот меѓу селата Смолари и Мокрино, во подножјето на планината Беласица, се уште е активен и има внатрешно горење, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК) за МИА.
Пожарот меѓу селата Смолари и Мокрино, во подножјето на планината Беласица, се уште е активен и има внатрешно горење, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Пожарот, кој избувна завчера, денеска го гаснат екипи на ЈП ПШС „Беласица“ од Струмица со три теренски возила и 15 вработени.