Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
34
3.86
18.55
10.87/0.48
34.00
7.75
0.23
3260.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 34
59 ■ 0.99/0.01 ■ 4 ■ 809.4
Best clustering variants
59 0.99/0.01 4 809.4
16:30 h 12-Nov-2024
  • Суспендираниот шеф на Вишото јавно обвинителство, Мустафа Хајрулахи, против кој обвинителството во Штип отвори истрага за мобинг и злоупотреба на службената должност обвинува дека целиот случај има заднина.
  • ◉ ТВРДИ ДЕКА САКАЛЕ ДА ГО ОЦРНАТ: Хајрулахи вели дека истрагата против него била за да го замолчат
12:32 h
  • Одлуката за оддалечување од функцијата на Вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи, кој е шеф за скопското Вишо обвинителство, е притисок до шефот на републичкото обвинителство Љупчо Коцевски.
  • Хајрулахи тврди дека е суспендиран откако објавил дека ќерката на неговиот шеф изнесува информации во јавноста за постапки во Обвинителството
15:12 h 11-Nov-2024
  • Јавниот „напад“ на шефот на вишото скопско обвинителство врз републичкиот јавен обвинител му дојде како „кец на десетка“, на премиерот , кој во изминатиот период јавно му се закануваше на Коцевски дека ќе го замени со „свој човек“.
  • (АРХИВА) „Ќе те фрлам од прозорец“ – обвинувања за местење предмети, мобинг, закани и притисоци во Вишото скопско обвинителство!
14:47 h
  • Првиот човек на Вишото јавно обвинителство, Мустафа Хајрулахи е обвинителот кој доби пријава од вработените за малтретирање, па беше отстранет од функцијата додека Јавното обвинителство од Штип не го истражи случајот, објавија повеќе медиуми.
  • Кој е Мустафа Хајрулахи - јавниот обвинител под истрага за малтретирање вработени во Вишото јавно обвинителство
14:40 h
  • Обвинителот е оддалечен од функцијата.
  • Обвинител под истрага за малтретирање и злоупотреба на службена положба
14:15 h
  • Јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје е отстранет од функцијата додека ОЈО Штип истражува предмет за малтретирање на работно место.
  • Вработени пријавиле дека ги малтретирал: Јавен обвинител од Вишото Обвинителство под истрага
14:12 h
  • Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против јавен обвинител за кого постои основано сомнение за сторено продолжено кривично дело – Малтретирање во вршење на службата од член 143, како и за продолжено кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик.
  • Поднесена кривична пријава за јавен обвинител: Обвинет за малтретирање и злоупотреба во службата
Novamakedonija

Ќе ви кажам од мои информации, дека извештајот не се доставува се со цел да се отстрани срамот од страна на јавниот обвинител кој, брутално се однесува кон Вишото јавно обвинителство, бидејќи од тројцата обвинители двајцата одбиваат да се потпишат на извештајот за извршениот надзор, бидејќи истите не се согласуваат со констатациите од страна на еден јавен обвинител, кој што тенденциозно беше цело време во вршењето на надзорот и од тие причини до денеска не е доставен извештајот – изјави Хајрулахи.

Спорното во целиот надзор, според Хајрулахи, е тоа што од тројцата јавни обвинители, двајца по сила на закон не би требало да учествуваат во вршењето на надзорот, од причина што обвинителот Едмин Вели до пред неговото заминување во ЈОРСМ бил негов прв заменик и обвинител кој што активно постапува по сите предмети во Вишото јавно обвинителство Скопје, а обвинителката Лиле Стефанова, бидејќи се вршел надзор над предметите од поранешното СЈО, односно на предметот познат како „Поштенска банка“ и предметот против тогаш обвинетиот Драган Павловиќ Латас. Novamakedonija

Libertas

Прашан за меѓучовечките односи во Вишото јавно обвинителство Скопје, Хајрулахи рече дека, ниту знае од кого е, ниту знае дали писмената претставка за мобинг е претворена во кривична пријава или има конкретна кривична пријава, не знае и не може да каже, но, посочи дека има многу работи, за кои, како што вели, треба логично да се поврзуваат, нагласувајќи дека кривичната пријава против него во ОЈО Штип е поднесена токму на 31 октомври, дента кога јавно кажал дека изнесува информации во јавноста преку неговата ќерка.

Кажете дали може да се создаде слика за една институција со четворица вработени во обвинителството, за кои што тврдам, и дојдоа истите кај мене, и кажаа: Обвинителе, ние сме инструирани, ние сме излажани и сето ова се прави тенденциозно, зошто така ни е кажано, дека преку ова ќе ве разрешат и ќе дојде на ваше место обвинителката која што има претензии, изјави Хајрулахи. Libertas

360stepeni

Причината, како што наведе во писмената изјава од 21 октомври, било тоа што до него дошле информации и пресуди од Врховниот суд, кои укажувале на можно нестручно работење на одредени јавни обвинители, како и пријави за закани, притисоци и недолично однесување кон вработени во Обвинителството.

Реакцијата на Коцевски уследи откако сега осомничениот шеф на Вишото јавно обвинителство Хајрулахи обвини дека државниот обвинител му вршел притисок во врска со предмет поврзан со бонусите на поранешните обвинители на згаснатото Специјално јавно обвинителство (СЈО). Имено, во јули беше објавено дека шефот на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, донел решение со кое ја отфрлил кривичната пријава на ВМРО-ДПМНЕ против ексобвинителите на СЈО, на кои тогашната шефица Катица Јанева им поделила по илјадници евра бонуси за доверливост надвор од платата, со што, според пријавата на партијата, бил оштетен Буџетот за над 4,5 милиони евра. 360stepeni