Министерката Божиновска нагласи дека за Македонија, зголемувањето на енергетската ефикасност во градежниот сектор е еден од највисоките приоритети на националната климатска агенда и иако Македонија го постигна своето национално ниво од 30,5% за користење на обновливи извори на греење и ладење, преостанува потреба за насочени технолошки надградби за да се намали употребата на застарени системи со биомаса.
Министерката ги нагласи заложбите на Република Северна Македонија во насока на подобрување на енергетската ефикасност преку Законот за енергетска ефикасност, кој налага развој на долгорочна стратегија за реновирање на зградите во период од најмалку десет години. Faktor
Според Законот за енергетска ефикасност, обврзани сме да развиеме стратегија за реновирање на згради со најмалку десетгодишен период.
Оваа стратегија бара годишно реновирање на најмалку 1% од вкупната површина на јавни згради, со што се обезбедува усогласеност со минималните стандарди за енергетска ефикасност.“ Остварувањето на овие цели, како што посочи министерката, зависи од целосната операционализација на Фондот за енергетска ефикасност, кој е клучен за финансирање на NZEB проекти и реновирање. Skopjeinfo
Иако е постигнат значителен напредок, за да се постигне целосна усогласеност со NZEB стандардите, потребно е да се зајакнат регулаторните рамки и да се воспостават поцврсти институционални механизми.“ истакна Божиновска.
Министерката Божиновска нагласи дека за Македонија, зголемувањето на енергетската ефикасност во градежниот сектор е еден од највисоките приоритети на националната климатска агенда и иако Македонија го постигна своето национално ниво од 30,5% за користење на обновливи извори на греење и ладење, преостанува потреба за насочени технолошки надградби за да се намали употребата на застарени системи со биомаса. Netpress