Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје Мустафа Хајрулахи, кој од вчера е суспендиран од функцијата, денеска на прес-конференција пред Обвинителството, обвини дека кривичната пријава против него поднесена од страна на Републичкиот јавен обвинител, има тенденцијата да го отстрани и заќути, како и да ги заплаши и другите колеги кои што постапуваат согласно законот, а се со цел, како што рече, да се донесат нарачани одлуки. A1on
Во врска со снимката со новинарката, Хајрулахи, рече дека тоа не е во ред, но дека има Закон за укажувачи, кој стриктно го регулира тоа.
„Јас како јавен обвинител, ако не обзнанам, односно ако го сокријам сето тоа, јас ќе бидам дел од тие што незаконито постапуваат“, Според Хајрулахи, во овој случај, целото внимание е пренасочено и се дала сосема друга насока на целиот настан, од она што тој сакал да го посочи, а тоа е дека ќерката на републичкиот јавен обвинител изнесува податоци од кабинетот на обвинителот. 360stepeni
Хајрулахи образложи дека обзнанил дека ќерката на Коцевски изнесува информации во медиум, по што е тргнат поради изјава за мобинг.
„Не е легитимно ќерка на републички јавен обвинител да изнесува информации. Mk
Од страна на републичкиот јавен обвинител преку службите ми беше доставена одлука за оддалечување од функцијата виш јавен обвинител со образложение дека против мене се води кривична истрага во Обвинителството во Штип.
Таа кривична е поднесена од републичкиот јавен обвинител, а тенденцијата е мене да ме заплаши со се колегите кои работат согласно законот. Press24
Вели дека не знае кој од обвинителите, му поднел пријава за малтретирање на работно место.
Како што кажа, кривичната е поднесена на 31 октомври. Faktor
Пред извесно време, на 19 септември, републичкиот обвинител ме викна кај него во канцеларија и ми рече дека за предметот со бонусите на вработените во СЈО треба да донесам одлука со која ќе се потврди првостепеното решение на ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција и дека не треба да му се даде својство на оштетен на подносителот на кривичната пријава, односно на ВМРО-ДПМНЕ.
Јас реагирав и кажав дека како обвинител не би се дрзнал на друг обвинител, кој постапува во предметот, да му наредувам да носи каква било одлука по нарачка – рече денеска обвинителот Хајрулахи на прес-конференција пред Јавното обвинителсто. Denesen
Службениците од вишото обвинителство поднеле и претставки за мобинг и кривична пријава против него, но според Хајрулахи, тие биле инструирани од обвинителка и не биле жртва на мобинг, туку повтори дека тој бил жртва на притисок од државниот обвинител Коцевски за предметот со бонусите на СЈО да не и дава статус на оштетена на партијата ВМРО-ДПМНЕ.
Тврди дека целта била да го замолчат и отстранат. Telma
Хајката против него, како што ја нарече Хајрулахи, вели се интензивирала откако јавно објавил дека се изнесувале документи за надзорот од обвинителството и се споделувале со медиумите.
Денеска рече дека на снимката што ја добил од свиркач се гледа ќерката на Коцевски и не смета дека заплашаувал новинари. Kanal5
По приемот на известувањето за поведена истрага, врз основа на член 81 од законот за јавното обвинителство, јавниот обвинител донесе одлука за оддалечување од функцијата за јавниот обвинител додека трае кривичната постапка поведена по поднесената пријава против него.
велат од обвинителството. Kanal5
Првиот човек на Вишото јавно обвинителство, Мустафа Хајрулахи е обвинителот кој доби пријава од вработените за малтретирање, па беше отстранет од функцијата додека Јавното обвинителство од Штип не го истражи случајот, објавија повеќе медиуми.
Кој е Хајрулахи? Press24