Со испитување на сведоци на предлог на Јавното обвинителство во Основниот кривичен суд Скопје денеска во 10 часот ќе продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.
На минатите рочишта сведочеа мајката на Вања, ќерката на Жежовски и нејзиниот сопруг, како и повеќе лица вклучени во истрагата за двете убиства, помеѓу кои инспектори и членови на политичката партија „Десна“. Fokus
На денешното судење за двојното убиство на Вања и Панче, сведочеше Маја Спировска, прва братучетка на Зорица, мајката на Вања. Nezavisen
На денешното судско рочиште за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежоски сведочеше прва братучетка на мајката на девојчето. Fokus
Гоце Трајковски, пријател на таткото на убиената Вања кој заедно со Александар собирале и гледале снимки по нејзиното грабнување, не се појави на суд на денешното судење за убиството на Вања и Панче. Libertas
Како сведок во судот се појави и Зоран Ѓорчевски, таткото на Александар Ѓорчевски, дедото на Вања.
За грабнувањата и убиствата на Вања и Панче се обвинети четворица извршители – Љупчо Палевски Палчо како првообвинет, и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, а таткото на Вања, Александар Ѓорчевски е обвинет за помагање во грабнувањето на неговата ќерка. A1on
На денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, сведокот Гоце Трајковски, кој требаше да даде исказ за настаните поврзани со случајот, не се појави во судницата. Plusinfo
Се јавив да прашам како се, и мајката на Александар ми кажа дека ја нема Вања, рече на денешното рочиште таткото на Александар Ѓорчевски, Зоран. Republika
На денешното судско рочиште за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски сведочеа дедото и бабата на убиеното девојче, Зоран Ѓорчевски и Иванка Ѓорчевска, татко и мајка на Александар Ѓорчевски, кој е еден од обвинетите. Fokus