1 (128) ■ вести > македонија > политика ■ 20-Nov 11:11 -> 22-Nov 08:22
.
.
.
.

За денеска најавено нормализирање на автобускиот превоз во Скопје

  • Владата се вклучува во решавањето на проблемот со јавниот превоз, закажана итна седница за 14 часот

  • Град Скопје ја поздрави одлуката на Владата: Секогаш е подобро политика да се води со разум, а не со инает

  • Поради недостиг на гориво, редуциран автобускиот превоз во Скопје

Според синоќешните најави, денеска се очекува да се нормализира автобускиот сообраќај во Скопје, откако вчера Владата донесе одлука на јавното сообраќајно претпријатие да му позајми нафта за следните седум дена од државните резерви.

Владата се вклучува во решавање на проблемот со јавниот превоз, дознава „360 степени“ од владини извори.

Градот Скопје вечерва ја поздрави одлуката на Владата со која, како што наведуваат, конечно се докажа дека секогаш е подобро политика да се води со разум, а не со инает и дека доколку јавниот интерес е на прво место можно е конструктивно да се делува во интерес на граѓаните.

Во Скопје попладнево сообраќаат само 25 автобуси, а останатите се паркирани во автобазите на ЈСП „Скопје“ во Автокоманда и Ѓорче Петров поради недостиг на гориво.

6 (9) ■ вести > свет ■ 20-Nov 08:27 -> 22-Nov 09:13
.
.
.
.

Зеленски до сојузниците: Путин ве тестира, мора силно да одговорите

  • ЗЕЛЕНСКИ: Украина ќе треба да надживее некого во Москва за да ги постигне своите цели и да си ја врати целата национална територија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека рускиот напад врз Украина со нов тип балистичка ракета е јасна и сериозна ескалација во војната и повика на силна осуда од меѓународната заедница.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во обраќањето пред парламентот вчера сугерираше дека привремената руска контрола врз украинската територија е веројатно неизбежна се додека е на власт рускиот претседател Владимир Путин,. -Украина можеби ќе треба да надживее некого во Москва за да ги постигне своите цели и да ја врати целата национална територија, рече украинскиот претседател во украинската Рада, пренесе Хина.

7 (8) ■ вести > македонија ■ 22-Nov 07:00 -> 22-Nov 09:11
.
.
.
.

Облачно со врнежи од дожд, ќе дува засилен јужен ветер

  • Облачно со врнежи од дожд, температурите до 14 степени – вечерва ќе имаме снег!

Времето денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, наместа во западните делови пообилни (над 40 l/m2). Ќе дува засилен јужен ветер, кој во текот на ноќта ќе го промени правецот во северен (над 70 km/h). Во текот на ноќта врнежите од дожд најпрвин на планините ќе преминат во снег, а потоа и на некои пониски места и ќе се формира снежна покривка.

Претежно облачно со врнежи од дожд, наместа во западните делови пообилни (над 40 l/m2). Ќе дува засилен јужен ветер, кој во текот на ноќта ќе го промени правецот во северен (над 70 km/h). Во текот на ноќта врнежите од дожд најпрвин на планините ќе преминат во снег, а потоа и на некои пониски места и ќе се формира снежна покривка.

9 (43) ■ вести > македонија > политика > црна хроника ■ 21-Nov 13:46 -> 22-Nov 09:17
.
.
.
.

Мицевски: Изразувам огромна згрозеност од недоличното, безобразно и срамно однесување на претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев

  • Мециновиќ: ​​​​​​​Народот заслужува одговори - ДПМНЕ му сервира пцости и насилство

  • (ВИДЕО) Апасиев на раб физички да се пресмета со пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Интервенираше обезбедувањето

  • (ВИДЕО) Избегната тепачка во Собрание: Апасиев задскриен зад сопартијците, провоцираше и фрлаше предмети кон пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Најпрво како човек, а потоа како пратеник и координатор на пратеничка група во Собранието, сакам да изразам огромна згрозеност од денешното недолично, безобразно и срамно однесување во Собранието, на претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, напиша на неговиот фејсбук профил Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ.

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ одржа прес-конференција во врска со денешната ескалација во Собранието која ја предизвикаа пратениците од ДПМНЕ, а со цел владините функционери да избегнат одговори на прашањата поставени од Левица на денешната седница за пратенички прашања „Втори пратенички прашања по ред, ДПМНЕ ја ескалира ситуацијата во Собранието затоа што се опиени со власт и бидејќи се, просто, насилници.

Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев на денешната собраниска седница најпрвин влезе во вербална расправија со пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоранчо Јованчев, а потоа фрли и слушалки накај него и се обиде физички да се пресмета.

Денес во Собранието за малку беше избегната тепачка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев и неколку пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

12 (35) ■ вести > свет ■ 21-Nov 13:18 -> 22-Nov 09:28
.
.
.
.

Орбан: Ќе го поканам Нетанјаху да ја посети Унгарија

  • Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Нетанјаху, Галант и лидерот на Хамас

  • Реакции на потерниците од Меѓународниот кривичен суд за лидерите на Израел и Хамас

  • Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамно

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека ќе го покани израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ја посети Унгарија.

Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, поранешниот министер за одбрана Јоав Галант и лидерот на Хамас, Мухамед Диаб ал-Масри, за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото, јавува . Овој потег доаѓа откако главниот обвинителот на МКС, Карим Кан, на 20 мај налози за апсење за наводни злосторства поврзани со нападите на Хамас на 7 октомври минатата година врз Израел и воената реакција на Израел во Газа.

Пристигнуваат реакции на потерниците од Меѓународниот кривичен суд (МКС) за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, поранешниот министер за одбрана Јоав Галант и командантот на Хамас Ибрахим ал-Масри, кој се смета за починат.

Претседателот на САД, Џо Бајден изјави дека издавањето на налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху од Меѓународниот кривичен суд (МКС) е „срамота“, пренесе Белата куќа.

14 (66) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 20-Nov 08:05 -> 21-Nov 14:44
.
.
.
.

Кешишев се предомисли, Палчо не бил со нив кога се случиле убиствата

  • Палевски дојде кај мене да го поправи котелот за греење ден по убиството на Вања – сведочи негов пријател

  • Сослушан возачот што го превезе Палчо до Турција, судењето продолжува на 25 ноември

  • СВЕДОКОТ ГО ПОБИ ТВРДЕЊЕТО НА ПАЛЕВСКИ ДЕКА ПОПРАВАЛ КОТЕЛ НА ДЕНОТ КОГА Е УБИЕН ПАНЧЕ Ерол Османи тврди дека Палчо дошол кај него на 28 ноември – ден по убиството на Вања

Пресвртница на денешното рочиште за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски.

Во Основен кривичен суд Скопје во врска со случајот со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски денеска на предлог на обвинителството сведочат познаници на обвинетиот Љупчо Палевски.

На расправата за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во Основен кривичен суд Скопје денеска сведочеше Стефан Димковски, лицето кое го превезе обвинетиот Љупчо Палевски од Белград до Турција.

Сведокот Ерол Османи, кој беше повикан и од Обвинителството и од првообвинетиот Љупчо Палевски денеска го поби тврдењето на Палевски дека обвинетиот на 22 ноември му поправал котел.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

154 (6) ■ бизнис > култура ■ 20-Nov 07:40 -> 21-Nov 14:53
.
.
.
.

Блага Панева: Со книгата „Колоквијалниот изговор во Скопје“ давам придонес во битката за македонскиот јазик

  • Книгата „Колоквијалниот изговор во Скопје…“ од д-р Блага Панева ќе биде промовирана во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“

Во присуство на многубројни гости, професори по македонски јазик, книжевници и ученици, вчеравечер (20 ноември), во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ беше промовирана стручната книга од д-р Блага Панева – „Колоквијалниот изговор во Скопје и влијанието на артикулациjата на гласовите врз нарушувањето на правоговорната и правописната норма“.

Вечерва (20 ноември), во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ ќе биде промовирана стручната книга од д-р Блага Панева – „Колоквијалниот изговор во Скопје и влијанието на артикулациjата на гласовите врз нарушувањето на правоговорната и правописната норма“.