Васко Стојков, адвокатот кој го возел Љупчо Палевски-Палчо во Белград, на денешното рочиште од судскиот процес за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски сведочеше дека првообвинетиот во случајот контактирал со него откако пристигнал во Турција и дека преку него била известена и полицијата.
На денешното рочиште за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски сведочеше брачен пар, чие што било возилото ,,рено кангу”, но го отстапиле на партијата Десна.
Членови и симпатизери на политичката партија „Десна“ денеска во Основен кривичен суд Скопје сведочеа во врска со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
Сопственикот на реното „кангу“ кое се појавува на снимките, Ѓорѓи Џолев сводечеше во Кривичен суд за убиството на Вања и Панче.