Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд – Скопје поднесе Барање за поведување подготвителна постапка против дете во судир со законот родено 2009 година за кое постои основано сомнение дека извршило дејствија кои со закон се предвидени како кривично дело Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Kajgana
На 13 ноември, во автобус на ЈСП Скопје, тој, во група со уште три непознати лица, извршил грубо насилство и нанел телесна повреда – убоди со нож во главата на 15-годишник, со што кај останатите патници предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв, се вели во соопштението.
Јавниот обвинител до судијата за деца доставил и предлог за определување мерка притвор за детето во судир со законот. Republika