Пожарот бил пријавен половина час пред полноќ, а 11 пожарникари со четири противпожарни возила го гаснеле до 2:45 часот Во пожар во куќа во тетовското село Стримница, во Општина Желино, вчера изгорело едно 90-годишно лице, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Пожарот бил пријавен половина час пред полноќ, а 11 пожарникари со четири противпожарни возила го гаснеле до 2:45 часот.
Во текот на гаснењето, додаваат од ЦУК, дежурните од полициската станица во Групчин во 00:19 часот известиле дека машко лице на 90-годишна возраст го загубило животот во големиот пожар.