Денес се навршува една година од убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје.
Директорот на затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, Бобан Утковски, во изјава за медиумите тврди дека не можело да се случи примопредавање на писмена изјава меѓу обвинетите Љупчо Палевски-Палчо и Влатко Кешишов бидејќи протоколите за спровод на притворени лица го оневозможуваат тоа.
На денешното судење за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски сведочеше Мирче Мирчевски, вработен во Министерството за внатрешни работи во одделот „Безбеден град“ („Safe city“). Тој изјави дека на 27 ноември, денот на исчезнувањето на Вања, вршеле пребарување на подрачје на град Скопје.
Обвинителката во судскиот процес за двојното убиство на Вања и Панче пред да почне судењето во 10 часот даде изјава за медиумите во која рече дека изјавата на Влатко Кешишев која ја промени и го амнестираше Палевски од вина нема да влијае врз постапката.