Кривично ќе се гони полицаец од Прилеп, се заканувал во угостителски објект.
СВР Битола до основното јавно Обвинителство Битола поднесе кривична пријава против Ф.И.(40) од Прилеп вработен како полицаец во КПУ Затвор Прилеп, поради постоење основано сомениение дека на 29.11.2024 година околу 18.00 часот, во угостителски објект на улицата “Широк Сокак" во Битола, со закана со огнено оружје упатил сериозни вербални закани по живот кон полициски службеници што пак преземале службени дејствија. Skopjeinfo