Единицата за трговија со луѓе и криумчарење мигранти на МВР вчера уапсила четири лица за посредување при вршење проституција и перење пари.
„Според досегашните сознанија, во периодот од декември 2023 година наваму првоосомничената, инаку бразилска државјанка, со дозвола за привремен престој во РСМ, заедно со второ и трето осомничените – македонски државјани, како и со две неидентификувани лица од Р.Португалија, од користољубие со умисла организирале врбување, прифаќање, превезување и сместување на женски лица од Бразил.