Управата за финансиска полиција, до Oсновното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против три физички и две правни лица поради основано сомнение за сторени кривични дела - даночна измама, даночно затајување, соизвршителство и помагање Првопријавениот З.А. во својство на управител на второпријавениот правен субјект Друштво за производство, трговија и услуги ТРИТЕРОЛ ПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје во Април и Мај 2023 година, со цел да се стекне со противправна имотна корист, изготвил фактури со невистинита содржина во вкупен износ од 31.599.220 денари, со вкалкулиран износ на ДДВ по пресметковна стапка од 18% во износ од 4.820.220 денари, за наводно извршена набавка на стоки и услуги од правниот субјект Друштво за трговија и услуги ИНО КОМ ДООЕЛ Скопје, сметководствено ги евидентирал и ги искажал во задолжителни пријави за ДДВ со што искажал повисок износ на влезно ДДВ, на кој начин спротивно на член чл.33 и чл.34 од Законот за ДДВ со овие фактури со невистинита содржина противправно ја намалил даночната обврска на второпријавениот правен субјект Тритерол Петрол ДООЕЛ Скопје по основ на ДДВ за 04-ти и 05-ти месец 2023 година во вкупен износ од 4.820.220 денари, за кој износ го оштетил Буџетот на РСМ.
Управата за финансиска полиција до Oсновното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против три физички и две правни лица поради основано сомнение за сторени кривични дела: даночна измама, даночно затајување, соизвршителство и помагање.