Јавен обвинител денеска донесе наредба за спроведување на истражна постапка против 18 лица членови на „Беланоца – Барон“, за кои, како што информираат од ЈОРСМ, постои основано сомневање дека 14 лица како нарачатели, помагачи или директни извршители сториле кривични дела „убиство“, од кои 12 лица се осомничени и за кривично дело „злосторничко здружување“, додека петмина и за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“.
Неколкумесечната предистражна постапка што ја спроведуваше јавен обвинител со Истражниот центар од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и МВР, вчеравечер резултираше со акција во која е разбиена криминална група, а која беше спроведена заедно со полициски службеници од МВР на подрачјето на општините Чаир, Арачиново, Шуто Оризари, Бутел и Студеничани.