Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(38) од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“, против Ј.Ј.(29) од Кратово и Д.В.(20) од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. Press24
На 23/24.08.2024 во куќа на неговиот татко во Пробиштип, пријавениот на второ и третопријавените и на други лица им овозможил да користат амфетамин.
Воедно, првопријавениот, на второ и третопријавените им продал амфетамин за да го продадат за време на одржување на музичка манифестација во Пробиштип, а при преглед над него бил пронајден и одземен амфетамин. Press24