Имаме комуникација и одлична соработка со министерствата за внатрешни работи од соседните земји, но официјална потврда за бегалци од правдата не е стигната до МВР од ниедна соседна земја, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во врска со недостапноста на Артан Груби и Перпарим Бајрами за органите на прогонот за случајот со криминал во Државна лотарија. Press24
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во кругот на министерството официјално ги ставил во функција дел од моторните возила набавени за потребите на организациските единици на МВР и Бирото за јавна безбедност. Novamakedonija